Што се случува во организмот кога нема да појадувате?

Што се случува во организмот кога нема да појадувате?

Појадокот е еден од најважните оброци во текот на денот. Но, за жал, многумина со цел да загубат неколку килограми решаваат да не појадуваат. Што се случува во организмот кога нема да појадуваме?

За време на гладување во организмот се случуваат неверојатни процеси. Како прво, паѓа нивото на шеќер во крвта што влијае на сите органи во човечкиот организам. Се јавува чувство на умор и исцрпеност, метаболизмот се забавува, а се забавува и согорувањето калории.
Покрај сето тоа мозокот преминува во посебна состојба.
„Без храна која овозможува енергија човечкиот мозок влегува во посебна состојба. Се менуваат човечките интелектуални и емотивни функции. Личноста станува пораздразлива и склона кон промени на расположението, а концентрацијата и паметењето слабеат“, истакнува нутриционистот Меги Мун.
Кога конечно ќе ја изедете храната организмот чувствува олеснување, но само на кратко време. Доколку секојдневно го избегнувате појадокот долгорочно ќе имате проблеми со лош метаболизам, а нивото на шеќер ќе биде нестабилно.
Избегнувањето на појадокот сериозно влијае на организмот и го слабее што може да го наруши вашето здравје.

Почни го денот со Здрав појадок. Порачај овде.



За купување на Herbalife производите, кликнете на линкот за регистрација:

https://healthynutritionba.blogspot.com/2018/04/herbalife.html





Comments