Сакај се себе си!





САКАЈ СЕ СЕБЕ СИ



Ми требаше доста време додека да го сменам начинот на исхрана, денови поминати во борба и истражување што е добро за моето тело. Како да си помогнам самата на себе и на мојата фамилија. Дали начинот на исхрана научен од нашите баби и мајки е добар? Секојдневни слушања на коментари од типот ,,Што се занесуваш, јади си како што јадат сите.,, ,,Што ти манекенка ли ќе се правиш?,, ,, Што им фале на моите кифли и пишии, што не ги јадеш?,,
Додека бев во недоумица, Што е исправно?, Дали да се вратам на стариот начин на исхрана и живот?, моето тело ми испраќаше други сигнали. Јас покрај тоа што од месец во месец, бавно, но сигурно, почнав да изгледам подобро, почнав и да се чувствувам супер. Целосно сум исполнета и се повеќе имам самодоверба. Не мора некој да ми каже дека изгледам супер, јас тоа го гледам СЕГА, а што е уште по важно, сега сум многу повеќе активна од претходно. Имам енергија за да ги завршам секојдневните обврски, да вежбам и на крајот од денот да се видам со моето семејство.
Да, сега не сум во заблуда, сега ЗНАМ што е најдобро за мене.

Со HERBALIFE здрав појадок се хранам веќе година и три месеци. Имам чести, но мали и здрави оброци. Изобилство од зеленчук, овошје и јаткасти плодови, печена и варена храна. Вежбам 2-3 пати неделно, трчам еднаш неделно и планинарам еднаш месечно.

Избегавам бели пецива и сокови. И пијам доволно ВОДА.

Веќе една година и сум независен дистрибутер на HERBALIFE, значи да и заработувам дополнително со помош на HERBALIFE.

Никогаш не е касно да почнеме да се грижиме за себе. Кога ти самиот си здрав, исполнет, имаш повеќе енергија и дополнителни приходи, можеш да му помогнеш на твоето семејство.

Не очекувај промени. Дека утре ќе биде подобро од вчера. Ако ти денес не си сменил ништо во твојте секојдневни навики. Почни од денес! Почни веднаш! Доколку сакаш резултати, без разлика дали е тоа поубав изглед, подобро здравје или повеќе пари.

Направи план за денес и истиот повторувај го секој нареден ден, без отстапувања и оправдувања. Стани порано, одвој време за себе, вежбај, храни се правилно, прочитај добра книга, сакај се себе си, не оставај го за утре тоа што можеш да го завршиш денес.

Ако не знаеш како побарај помош, најди начин. Остани истраен и не се откажувај. Не успеваат само тие што се откажале.




Comments