Пиењето вода и придобивките од нејзиното правилно конзумирање
Зошто да пиеме вода?
1. Губење на килограми
2. За здравје на срцето
3. Енергија
4. Лек за главоболка
5. Здрава кожа
6. Дигестивни проблеми
7. Чистење на организмот
8. Ризик од рак
9. Подобри вежби
Што треба да правите? Пијте многу вода за да ја одржувате хидрацијата на телото и следете ги овие 8 совети.
1. НЕКА БИДЕ СЕКОГАШ ДО ВАС
Многу е важно пиењето на вода и начинот како ја пиеме. Пиеме вода кога сме жедни, кога сме јаделе нешто солено или после јадење. Но, експертите тврдат дека водата треба да се пие на гладен стомак. Водата е неопходна за целото тело, всушност приближно 60% од телото се состои од вода. Секој треба да ја одржува хидрацијата на телото и однатре и однадвор за да се чувствува добро и за да изгледа убаво.
Пиењето вода ја згаснува жедта, но нејзино консумирање на празен стомак може да излечи многу болести.
Сите знаеме дека пиењето вода е добро за нас, но често не знаеме поради кои причини. Дури и да знаеме, сепак пиењето вода не е навика која многу луѓе ја применуваат.
Еве кои се 9-те добри причини за тоа зошто е добро да пиеме вода.
1. Губење на килограми
Водата е едно од најдобрите средства за губење на килограмите, прво, зошто ги заменува висококалоричните пијалоци како што се газираните, обичните сокови и алкохолот. Исто така, водата е одличен потиснувач на апетитот, и кога често мислиме дека сме гладни, ние всушност сме жедни. Водата нема масти, нема калории, јаглени хидрати и нема шеќер. Конзумирајте многу вода за да ви помогне во борбата со калориите.
2. За здравје на срцето
Пиењето на предвидената количина на вода го намалува ризикот од срцеви болести. Истражувањата покажале дека тие што пијат повеќе од 2,5л вода на ден, имале 41% помали шанси да добијат срцев удар.
3. Енергија
Доколку дехидрираме, губиме многу енергија и се чувствуваме уморно. Доколку сме жедни, а веќе дехидрирани, тоа може да води до замор, болка во мускулите, омалаксаност и други симптоми. Затоа пиењето вода совршено се справува со овие проблеми.
4. Лек за главоболка
Друг симптом на дехидратацијата се главоболките. Всушност, кога често имаме главоболка, тоа едноставно е поради тоа што не пиеме доволно вода. Нормално, има и многу други фактори кои предизвикуваат главоболка, но дехидратацијата е најчестиот фактор.
5. Здрава кожа
Пиењето вода ја чисти кожата, а кај луѓето кои редовно пијат вода, се забележува одреден сјај на нивната кожа. Нормално, тоа нема да се случи преку ноќ, но доколку го практикувате ова за време од 2 до 3 месеци, доволно количина на вода би имало добар ефект на вашата кожа.
6. Дигестивни проблеми
Нашиот дигестивен систем има потреба од вода за да може да ја дигестира храната соодветно. Често, водата помага и за стомачната киселина, а помага и во лечењето од вртоглавица.
7. Чистење на организмот
Нашето тело има корист од водата која ја конзумираме, бидејќи го чисти од токсините и отпадните продукти.
Поврзано со дигестивниот систем, пиењето на вода исто така е забележано дека го намалува ризикот од рак за 45%. Пиењето вода го намалува ризикот од рак на дебелото црево за 50% и го намалува ризикот на рак на дојката.
9. Подобри вежби
Кога сме дехидрирани, тоа негативно влијае на нашата атлетска подготвеност. Кога спортуваме, на телото му треба повеќе вода, затоа осигурајте се да пиете вода пред и после вежбањето.
1. НЕКА БИДЕ СЕКОГАШ ДО ВАС
Може да биде многу корисно ако цело време ја гледате количината вода што сте испланирале да ја испиете и ако следите колку од неа имате испиено во текот на денот. Ставете ја количината вода што планирате да ја испиете во шише и шишето нека биде постојано до вас. Ќе ве потсетува да пиете повеќе и ќе имате мотивација да пиете по малку во текот на целиот ден.
Ладна вода повеќе освежува од вода на собна температура. Изладете шише вода и потоа носете го со себе во текот на денот. Водата ќе биде ладна неколку часа и тоа може да ве поттикне да пиете повеќе.
3. ПРИ РАКА КОГА ЌЕ СЕ РАЗБУДИТЕ
Наутро се будиме со сува уста и тоа ни укажува дека повеќето од нас се по малку дехидрирани наутро. Затоа ставете си чаша вода близу до креветот и испијте ја пред да станете од кревет.
4. ДОДАЈТЕ Ѝ ВКУС
Направете си вода со вкус. Додајте Хербал алое-Растителен концентрат од алое или парче свеж лимон или лимета, краставица, шумско овошје, свежо нане или парче свеж ѓумбир во водата. Ова ќе ѝ даде посебен и освежителен вкус.
5. ПИЈТЕ ВОДА ПРЕД ОБРОК
Водата нека ви биде како предјадење и пола саат пред секој оброк испијте една чаша вода. На овој начин ќе пиете повеќе вода во текот на денот, а може и малку да ви се намали апетитот.
6. ЗАМЕНЕТЕ ЈА ВОДАТА ЗА ВРЕМЕ НА ОБРОК
7. ПИЈТЕ ВОДА КОГА ЌЕ ПОЧУВСТВУВАТЕ ГЛАД
6. ЗАМЕНЕТЕ ЈА ВОДАТА ЗА ВРЕМЕ НА ОБРОК
Не е добро да пиете вода за време на и веднаш после јадење. На овој начин ги разводнувате стомачните сокови. Тие се разредуваат и варењето станува потешко и неправилно. Наместо вода пијте малку јогурт, на пример.
Ако сте огладнеле предвреме и има доста време до следниот оброк, испијте една чаша вода за да го ублажите гладот. Откако ќе ја испиете почекајте 10 минути и испијте уште една чаша, ако гладот не исчезнала Така ќе се заштитите од непотребен дополнителен оброк, кој крие ризик од дебелеење.
8. СЛУШАЈТЕ ГО СОПСТВЕНОТО ТЕЛО
Усните се уште еден показател за дехидрација. Доколку усните ви се суви пијте повеќе вода.
Урината ви симболизира дали доволно пиете вода. Доколку вашата урина е бистра и во боја на слама тогаш вашето тело е хидратизирано, но доколку бојата на урината е темно жолта тоа е знак дека ви е потребно поголемо количество на вода.
Пијте вода секогаш кога сте жедни. Жедта не смеете да ја занемарувате, таа е знак дека на вашето тело му е потребна хидратација.
Во однос на количината која треба да испиете основното правило гласи дека потребно е да пиеме 1л вода на 25кг телесна маса во текот на еден ден, пр.ако имаш 50кг, значи треба да пиеш 2л вода дневно.
За купување на Herbalife производите, кликнете на линкот за регистрација:
https://healthynutritionba.blogspot.com/2018/04/herbalife.html
Comments
Post a Comment